Локалниот огранок на Левица од Куманово реагира на проблемот со кучињата скитници во градот и вели дека состојбата станува алармантна, а локалната самоуправа треба да посвети повеќе внимание за овој проблем.
Локалниот огранок на Левица во Куманово, сака да упати реакција и апел до локалната власт да обрне повеќе внимание на состојбата во градот и општината. Имено, состојбата со кучињата – скитиници станува алармантна. Движењето на граѓаните низ градот, посебно во вечерните часови стана крајно небезбедно. Покрај лизгавите улици и тротоари, се поголема е опасноста од напад на кучињата – скитници, кои поради ниските температури се изгладнети и агресивни. ЛО на Левица Куманово бара општината, согласно со законите и во консултација со организациите за заштита на правата на животните, да изготви програма за ефикасно решавање на проблемот со бездомните животни. Левица бара, буџетските пари на Општина Куманово, да се трошат разумно и рационално во корист на граѓаните и за решавање на реалните проблеми со коишто се соочуваме – стои во соопштението од Левица.