Локалниот огранок на Левица од Куманово преку соопштение изрази голема поддршка за стечајното население во Општина Куманово кое денеска во 11 часот излегува на протест при што ќе го блокираат влезот, односно излезот на градот.
Во соопштението на Левица стои:
Стечајците од Куманово се еклатантен пример за дехуманизираноста и неправичноста на неолибералниот систем во кој што живееме. Стечајците, исто како и мнозинството граѓани, се жртви на криминалната транзиција и“новиот”системот од кој полза имаат само оние кои и ја спроведоа таа транзиција, тоа се олигаристе и старо-новите политички елити.
Левица , како партија која суштински и идеолошки се бори за едно поправедно и похумано општество, целосно ги поддржува сите активности на стечајците во нивната борба. Членовите на Левица од секогаш беа дел од нивните протестни собири, дури и пред да се регистрираме како политичка партија, и овој пат застануваме рамо до рамо со нив. Би сакале да им порачаме на сите експлоатирани и угнетени луѓе, не само на стечајците: Борете се за своите права, правдата нема да дојде сама – се наведува во соопштението.