Можете ли да замислите приморски град со прекрасни плажи и тиркизно море кое е пусто?! Звучи нереално, но таква е ситуацијата со одморалиштето Вароша, кое се наоѓа на границата меѓу турската и грчката страна на Кипар.
Некогаш омилена дестинација на Брижит Бардо и Елизабет Тејлор, како и на другите елити од 1970-тите, сега се нарекува „град на духови“, додека трошните згради и напуштените автомобили покажуваат дека некогаш овде имало живот.
Одморалиштето се наоѓа во јужниот дел на градот Фамагуста, а пред турската инвазија во 1974 година било многу популарно меѓу туристите.
Во екот на својата слава, овој град бил место на гламур, раскош и богатство. Луксузот и раскошот траее само четири години, додека во есента 1974 година, животот овде застанал, а сите 39.000 жители во тоа време останале без покрив над главата.
По воената акција, жителите ја напуштиле областа, а Вароша останала затворена и напуштена повеќе од четири децении.
Зградите пропаѓаат, а природата полека ја презема контролата, претворајќи го некогаш популарното одморалиште во страшно место.