Летовите поскапуваат: Оваа компанијата ќе почне да наплаќа такса до 72 евра по билет

Сподели со своите пријатели

Патниците мора да се подготват за повисоки цени на билетите со Луфтханза.

Loading...

Според најавата на германската авиокомпанија, групата сака да префрли дел од трошоците за дополнителни еколошки регулативи.

Како што објави во средата германската новинска агенција (dpa), Луфтханза објави дека ќе наплатува нова еколошка такса за летовите почнувајќи од следната година, пренесува Феникс магазин.

Ова има за цел да пренесе дел од трошоците што произлегуваат, на пример, од регулативите на ЕУ за заштита на животната средина.

Висината на таксата ќе зависи од должината на летот и треба да биде меѓу едно и 72 евра за сите летови кои полетуваат од земјите на ЕУ, Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија, се вели во соопштението на Луфтханза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Застрашувачка статистика: Само во 2023 година, на секои десет минути е убивана една жена