Летонија приведе двајца наводни руски шпиони

Сподели со своите пријатели

Летонската служба за државна безбедност, заедно со Одбранбената разузнавачка и безбедносна служба, уапси две лица осомничени за долгорочна шпионажа во корист на руската воена разузнавачка служба, јавува летонската новинска агенција ЛЕТА.

Двајцата осомничени биле приведени минатата година, пренесува руската агенција ТАСС.

Според латвиската тајна служба, осомничените имале состаноци со претставници на руското воено разузнавање на територијата на Русија, при што откриле доверливи информации за летонскиот одбранбен сектор.