Летните топлотни бранови би можеле да ги променат туристичките навики

Сподели со своите пријатели

Летниот топлотен бран и натпросечните температури низ јужна Европа би можеле да предизвикаат трајни промени во туристичките навики, бидејќи повеќе туристи би можеле да се одлучат за поладни дестинации или да одат на одмор во пролет или есен, предвидуваат туристичките организации и експерти.

Loading...

Податоците на Европската комисија за патувања (ETC) покажуваат дека бројот на луѓе кои планираат јунски одмор во Медитеранот веќе е намален за 10 отсто во споредба со минатата година, пренесува Ројтерс.

Значителен пораст на интересот бележат туристичките дестинации како Чешка, Данска, Ирска и Бугарија.

„Очекуваме дека непредвидливите временски услови во иднина ќе имаат поголемо влијание врз изборот на туристичка дестинација“, изјави Мигел Санз, првиот човек на ЕТЦ, пренесува Танјуг.

Извештајот на Комисијата, исто така, покажува дека моментално 7,6 отсто од патниците сметаат дека екстремните временски услови се главната грижа за организирање на патувања меѓу јуни и ноември.