Францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну се споменува како главен кандидат за функцијата премиер на Франција, објавува Политико.
„Себастијан Лекорну е на листата на чекање веќе некое време. Сега можеби конечно дојде неговиот момент. Со оглед на тоа што се очекува премиерот Франсоа Бајру да биде отстранет во понеделник, нископрофилниот министер за одбрана – претходно сметан за фаворит за работата – повторно се најде во центарот на вниманието како еден од водечките кандидати“, пишува весникот.
Како што се додава, Лекорну е единствениот министер кој останал во владата од изборот на претседателот Емануел Макрон во 2017 година и преживеал бројни реконструкции и вонредни избори.
Според еден француски парламентарец кој инсистираше на анонимност, Лекорну добро се снашол „во светот на Макрон“ затоа што има „одредена способност за преживување“.
Во меѓувреме, францускиот претседател ја објави можноста за воведување нови санкции врз Русија, во координација со Соединетите Американски Држави, доколку Москва не се согласи на договор за решавање на украинскиот конфликт.
Макрон додаде дека Киев ќе разговара за ова со Вашингтон.