Ризикот зачително се зголемува дури и кога го користите во краток временски период.
Како што пишува „HealthyDefinition“, британските лекари ги предупредуваат луѓето, особено оние кои имаат над 40 години, да не го користат најчесто употребуваниот аналгетик – бруфен, односно ибупрофен, пренесувал српскиот портал „Стил“.
Имено, според мислењето на експертите, употребата на бруген може да нанесе повеќе штета, отколку добробит. Иако многу ефикасно може да ја отстрани болката, бруфенот често може да предизвика и срцеви болести.
Уште во 2005 одина, Администрацијата за храна и лекови предупредила дека употребата на бруфен може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести или дури да предизвика срцев удар или различни напади.
Исто така истакнале дека ризикот од срцеви болести значително се зголемува дури и кога овој анелгетик се користи и во краток временски период. Секако, што подолго се користи, ризикот е поголем и не само кај оние кои веќе имаат срцеви проблеми, туку и кај оние кои никогаш немале такви симптоми.
Употребата на бруфен особено е штета за оние над 40-годишна возраст, кога овој ризик енормно се зголемува, дури за 20%.
Луѓето не треба да користат ниту нестероидни антивоспалителни лекови – заклучок на студијата спроведена на 10 милиони пациенти, а објавена во Британскиот медицински магазин.
Овие лекови всушност содржат неколку лекови во себе, за да имаат аналгетичко и антипретичко својство.
Ублажувањето на болката на овој начин не е вредна за зголемување на ризикот од срцеви заболувања, предупредуваат експертите и додаваат дека е подобро да се побара природно решение, кое покрај аналгетско, ќе ви пружи и здравствени придобивки.