Студентката на универзитетот во Софија, Андреа Иванова, позната како „бугарска Барбика“ поради бројни козметички и хируршки зафати, изјави дека може да ослепе од инјекции на хијалуронска киселина внесена во усните.
Во усните добила вкупно 25 инјекции на хијалуронска киселина, а последната – минатата недела. Според студентката, таа ги има најголемите усни на светот.
Таа има 23 години, а започнала со козметички операции во 2018 година.
Ги посетила практично сите клиники за убавина во Софија и ги испробала скоро сите видови полнила.
И покрај постојниот ризик, Иванова вели дека нема намера да ги запре интервенциите.
„Постои ризик да ослепам и да ми се отстрани органот – усната. Постои ризик, бидејќи е можно да се појавила дехидрираност поради инјекции на хијалуронска киселина. Се надевам дека нема да има фатални последици, затоа што секоја недела одам кај специјалист. Постои реална опасност, но јас нема да престанам да интервенирам“, изјави студентката за „Бугарија денес “.
„Нема граници за мене“, рече Иванова, додавајќи дека сака да има најголеми гради – ако не во светот, тогаш во Бугарија.
Како што вели, таа веќе имала зголемување на градите, но има намера во иднина повторно да оди на операција.
Андреа поради својот изглед има добиено неколку покани за учество во разни емисии, вклучително и во Америка. Минатиот октомври таа рече дека е поканета да учествува во програмата во Лос Анџелес, но дека сè е одложено поради коронавирусот.
Како што вели, критичарите не ја допираат, и секој ден добива илјадници пораки од целиот свет со комплименти на усните, изгледот и стилот. Иванова додаде дека има и позитивни и негативни коментари, но дека негативните главно ги пишуваат жени.
Мене ми е важно само како ми се допаѓа мене, додаде таа.
Претходно, британскиот таблоид „Сан“ напиша дека на девојката и е тешко да дише поради хијалуронска киселина, бидејќи усните почнуваат да и ги затвораат ноздрите.