Лекарите ја исмевале поради гојазност, а таа имала рак (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Корисничката на ТикТок Аманда објави видео во кое низ солзи го раскажува своето ужасно искуство кога посетила лекар кој ја засрамил поради прекумерната тежина.

Loading...

Имено, таа пред речиси една година му се пожалила дека чувствува силна болка додека јадела, а тоа биле екстремни грчеви во стомакот.

По некое време, Аманда открила дека причината за нејзините проблеми е всушност ракот на дебелото црево.

Имено, докторот кој го посетила за прв пат не успеал да и ја дијагностицира оваа тешка состојба.

Според нејзините зборови, откако му се пожалила на болките при јадење, тој рекол дека можеби не е толку лошо за да ја боли, алудирајќи на нејзината прекумерна тежина.

„Сè уште ме збунува тоа што овој лекар ги игнорираше сите мои симптоми на рак на дебелото црево“, додаде таа.

Нејзините следбеници едногласно ја поддржаа, охрабрувајќи ја да се залага за нејзините права и медицински потреби.

 

Loading...

 

„Би го тужел за несовесна работа“, коментира еден тикер под видеото.

„Никогаш нема да го заборавам ова видео. Плачев толку силно со тебе. Беше страшно тоа што го направил”, рекол друг.

„Фатфобијата“ е опасна. Не треба да бидеме воини, но јас сум многу горд на вас што сте тоа“, е еден од коментарите.

Таа се присети дека чувствувала дека на лекарот не му било грижа бидејќи тој не бил подготвен да прави никакви тестови и често ја прекинувал.

Откако ја напуштила канцеларијата, таа седнала во својот автомобил и плачела, снимајќи го оригиналното видео на ТикТок кое потоа станало вирално.

Откако добила лавина охрабрување од нејзините следбеници, таа побарала нов лекар, кој веднаш ја испратил на колоноскопија, по што открила дека има рак.

Loading...

Аманда, која сега е во целосна ремисија откако била подложена на хемотерапија, рече дека долгорочните ефекти од нејзината дијагноза не се само физички.

„Преостанатата вознемиреност, траума и тага навистина ме погодија. Веројатно би рекла дека делуваше речиси исто толку лошо на мене како што делуваше хемотерапијата на моето тело“, рече таа.

 

@mandapaints #cancer #fatphohia #doctorsoftiktok ♬ Epic Emotional – AShamaluevMusic