Иако јавноста најостро го осуди кога минатата година изјави дека не се капел пет години, лекарот Џејмс Хамблин решил да истрае во својата намера, благодарение на придобивките што ги забележал поради неговата чудна навика – неговата кожа го сменила мирисот и станала подобра.
– Кога ќе им кажам на луѓето дека не користам сапун и не се туширам веќе пет години, тие обично се згрозуваат. Се разбира, сето тоа се случи среде пандемија, па критиките со кои се соочив беа уште полоши. Се разбира, дури и пред пандемијата, за време на неа, како и сега, редовно ги миев рацете.
На крајот на краиштата, јас сум лекар на Јеил за јавно здравје, па не би ми паднало на ум да не ги мијам рацете – вели овој 37-годишник.
Сепак, неговиот пристап кон туширањето и капењето, вели тој, е минималистички, пренесува „Магазин новости“.
– Се се случи постепено. Откако се преселив од Калифорнија во Бруклин, каде што се обидував да започнам кариера како писател, требаше да заштедам време, пари и простор. Во исто време, се нурнав во науката за микробиомите и се интересирав и за тоа – вели тој.
Тој објасни каде, според него, грешиме кога станува збор за хигиената.
-Има сè повеќе случаи на акни, егзема, псоријаза и слични автоимуни заболувања. И што е најлошо, ние се фокусираме само на отстранување на мирисите – сите истражувања покажуваат дека, иако миеме повеќе од кога било, сепак не ги миеме правилно рацете, и тоа е најважното – вели Хемблин.
Тој вели дека се обидел да експериментира со намалување на сапунот и детергентот што ги користел.
– Бидејќи ги користев сè помалку, ми требаа помалку. Кожата ми стана помалку мрсна, егземата започна да се повлекува. Точно, не мирисам на лаванда, но се ослободив и од смрдеата на кромид што ја имав под пазувите на почетокот, кога само престанав да користам дезодоранс. Сега мирисам на човечко суштество. Денешните сметаат дека секој што не мириса на парфем не е чист. Тоа едноставно не е точно – вели тој.
Тој исто така наведува дека мирисите на телото се разликуваат од ситуацијата во која се наоѓаме, а го спомна и случајот со неговата пријателка која подолго време се борела со проблем со акни на лицето.
– Дали знаете што само и помогна? Кога стави сè надвор од употреба – проба антибиотици и апчиња за контрацепција и многу други опасни третмани кои имаат сериозни можни последици. Дури кога престана да зема се и сешто, по неколку месеци кога кожата и беше премногу мрсна, работите се смирија целосно – вели Џејмс, додавајќи дека смета дека давањето антибиотици на лица со акни е сосема погрешно.
На крајот, тој заклучува дека антибиотиците се користат премногу во денешно време. Проблемот ќе следи кога ќе престанат да делуваат.