ЛЕГО град навистина постои: Младите сакаат да живеат во овој магичен дел од државата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Посебна станбена зграда – населба во Киев, „Градот на удобноста“ од птичја перспектива изгледа како град направен од ЛЕГО коцки. Она што дефинитивно не и недостига на оваа населба е секако бојата.

Comfort Town е посебен станбен блок во Киев, необична населба која привлекува внимание поради дизајнот инспириран од Лего. Иако е само дел од градот, поради неговата изолација и специфичната архитектура често се нарекува посебен град.

 

 

Овој простор е создаден како станбен проект од архитектонското биро „Архиматика“, а неговите креатори инспирацијата ја пронашле во шарените градежни блокови. За реализација на оваа постапка биле потребни дури 11 години.

 

 

Станбениот блок содржи 180 шарени згради или 8.500 станови, а тоа што лего коцките не го привлекуваат само детското внимание го искористија архитекти од гореспоменатата компанија.

Станбениот блок „Comfort town“ бил особено прифатен од помладите генерации градски семејства и професионалци кои живеат во градот и кои уживаат во поевропски начин на живот во споредба со советскиот, кој е вкоренет во градот.

 

 

Во согласност со минималистичкиот стил на градот, архитектите се одлучиле за згради со едноставни форми инспирирани од геометријата и целосно рамни екстериери.

Погледнете во видеото како изгледа овој станбен блок.