Лебарките стануваат поотпорни на отровите, ризик од нивна масовна наезда

Сподели со своите пријатели

Лебарките ширум Европа стануваат се поотпорни и прашање на време е кога човештвото ќе биде погодено од нивната масовна наезда, предупредуваат експертите.

Loading...

За проблемот да биде уште поголем, овие инсекти се повеќе стануваат отпорни на отровите. Имено, научници од Универзитетот Пурдуе откриле дека лебарките започнале да развиваат вркстена отпорност на силни инсектициди.

Научниците германските лебарки ги изложиле на различни исектициди и откриле дека популацијата на овие инсекти не само што развила отпорност на инсектициди на кои била изложена, туку и на други отрови. Суперимуните инсекти така можат да пренесат отпор на своето потомство и прашање на време е кога одредена популација ќе стане отпорна на сите инсектициди.

– Лебарките кои развиваат отпорност на повеќе инсектициди одеднаш ќе гп направат контролирањето на тие штети скоро невозоможно со хемикалии, вели Мајкл Шчарф од Универзитетот Пурдуе кој го предводел истражувањето.

Тој вели дека отпорот на инсекти во една генерација лебарки понекогаш е зголемен за четири или шест пати.

Инаку, една женка лебарка може да создаде 200 до 300 потомци во својот краток живот.

Научниците истакнуваат дека ќе мора да се промени начинот на борбата против овие инсекти. Тоа може да вклучува физички методи како замки или правосмукалки и превентивни мерки како санитации.

Image by Brett Hondow from Pixabay

Loading...

Leave a Reply