Леа Мембреј е дваесетгодишна девојка од Нов Зеланд родена како момче.
Од мали нозе знаела дека е „родена во погрешно тело“. Врсниците ја малтретирале на училиште нарекувајќи ја геј. Кога наполнила 17 години одлучила својата сперма да ја остави во банка, а потоа и да го промени полот.
Loading...
Неодамна дознала дека во иднина може да има свое дете од половина ДНК.
– Никогаш не знаев стварно кој бев, ниту знаев нешто за трансродовите лица се додека не завршив средно. Се сеќавам на една забава на која запознав преубава девојка кога ми призна дека е родена како момче, што за мене, тогаш како адолесцент, беше апсолутен шок. Не верував дека трансродовата жена може да изгледа толку убаво. Тогаш добила идеја да го стори истото, вели Леа за Дејли мејл.
Таа сега има 20 години и веќе три години се занимава со трансформирање на својот изглед во кој досега вложила 5.200 долари.