Франција сака „веднаш“ да работи на продолжувањена политичкиот процес за решавање на сириската криза, изјави денеска шефот на француската дипломатија Жан Ив Ле Дриан неколку часа по воздушните напади на западните земји во Сирија.
– Планот за излегување од криза треба да биде пронајден и тоа со политичко решение. Подготвени сме сега да работиме со сите земји кои можат да допринесат до тоа решение, рекол Ле Дриан.
Според неговите зборови, Франција има два приоритети, а тоа се борба против џихадистите и враќање на стабилноста по пат на политичко решение.
САД, Велика Британија и Франција рано утринава спроведоа воздушни напади во Сирија по неодамнешниот напад во Дума, за кој западните земји тврдат дека бил со хемиско оружје, а изведен од сириските власти.