На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отвори профил на ТикТок наречен „прв човек на Русија“, посветен на рускиот претседател Владимир Путин. За само три месеци, со кратки видеа, тој собра повеќе од 4,7 милиони следбеници.
Каналот објавува т.н. „Deepfake“ снимка на актер кој го имитира Путин. Технологијата „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на личност.
@1facerussiaБаня все грехи смоет. Но злоупотреблять не стоит ? ##баня ##russia ##tradition♬ Rasputin (7″ Version) – Boney M.
Честопати, ваквите записи изгледаат толку реалистични што многу корисници не можат да разликуваат дали станува збор за вистинска или лажна снимка.
На лажниот профил на Путин, можете да најдете снимки во кои рускиот претседател танцува на популарните хитови на ТикТок, ја посетува сауната, прави салата, покажува како се подготвуваат палачинки и слично.
Колку е популарен профилот, најдобро докажува видеото како „Путин“ ја пробува својата омилена кошула, која е прегледана повеќе од 90 милиони пати, пишува РТЛ.
@1facerussiaГоды летят…Но старая рубашка ещё налезает ##естьсходство ##необычныйобраз ##непоймивочто♬ оригинальный звук – Oksukpaevak
Некои корисници не разбираат дека „Путин“ е на снимките од креациите на вештачката интелигенција и му поставуваат прашања на „претседателот“, а тој „со задоволство им одговара“.
– Бањата заздравува, бањата испарува, бањата става сè на свое место – вели „Путин“ на видеото каде е во руската сауна. Профилот се занимава со проблемите со кои обично се соочуваат руските провинции.
Во неколку снимки, лажниот Путин го чисти снегот во Новосибирск и вели дека патиштата не треба да се чистат „освен кога тој доаѓа во посета“.
@danikpro32##дуэт с @1facerussia♬ оригинальный звук – Первое лицо