На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните, велат од Министерството за внатрешни работи.
– Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи [лична карта, пасош] како и нивните податоци од платежни картички, а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности, појаснуваат од полицијата.
Оттаму апелираат граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности.
Никола Ивановски