ЛАЖНА ТРЕВОГА: На бриселскиот аеродром пронајден напуштен багаж

Сподели со своите пријатели

Белгискиот национален аеродром Завентем синоќа се врати во нормална работа, откако анти-диверзниот тим потврди дека напуштениот багаж е безбеден, поради што терминалот за поаѓање претходно беше евакуиран.

Loading...

Терминалот за поаѓање на бриселскиот аеродром беше евакуиран во четвртокот попладне поради сомнителен багаж.

Сите патници од терминалот за поаѓање беа преместени пред зградата на аеродромот, а службата за отстранување и уништување на експлозивна опрема излезе на лице место и утврди дека станува збор за лажна тревога.

Аеродромската служба објави дека летовите од аеродромот во Брисел биле одложени во просек за два часа поради овој инцидент, но дека ниту еден не бил откажан.

Аеродромот Заветем беше мета на терористички напад во 2016 година, во кој беа убиени 17 лица во зградата, вклучително и бомбаши самоубијци, кои донесоа експлозив во патнички куфери на терминалот за поаѓање на аеродромот.

Leave a Reply