Триесет и деветгодишната тетовка Н.Ј, денеска околу 8 часот и 40 минути пријавила во Полициската станица Тетово дека утрото кога влегла во нејзиниот деловен објект ( адвокатска канцеларија ), лоцирана на улица „Струшка“ во Тетово, на подот забележала писмо.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, го подигнала, отворила и во него се наоѓал лист хартија на кој рачно, со кирилично писмо, било напишано:
На 13 април ќе се бомбардира Судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК.
