Лажен астронаут ѝ земал 30.000 евра за да слета на Земјата

Сподели со своите пријатели

Познанствата и љубовта преку социјалните мрежи не се новина во светот на модерните комуникации, но последниот случај во Јапонија, преку медиумите, го заинтригира целиот свет.

Loading...

Жителка на јапонскиот град Хигашиоми во префектурата Шига го пријавила во полиција својот љубовник, руски астронаут, кого го запознала преку социјалната мрежа Лајн, за грабеж од 30.000 евра.

Полицијата соопшти дека се сомнева дека 65-годишна жена станала жртва на меѓународна измама!

– Верувала дека тој ја сака, а парите му ги исплатила затоа што ѝ кажал дека му требаат за што побрзо да се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица за неа. Сега ѝ недостигаат 4,4 милиони јапонски јени (околу 30.000 евра) – ги пренесуваат јапонските медиуми зборовите на полициски извор.

Изворот наведува дека несреќната жена го запознала „самопрогласениот Русин“ преку Инстаграм на 28 јуни годинава.

– Ѝ кажал дека сака да започне нов живот со неа во Јапонија, а во една порака напишал дека ниту 1.000 пати нема да биде доволно за да ѝ каже колку ја сака, туку дека ќе продолжи да ѝ кажува – пишува „Јапонија денес“.

Од 19 август до 5 септември таа му платила пет пати, но бидејќи тој продолжил да бара повеќе, таа се посомневала и на крајот случајот го пријавила во полиција.

Дотогаш, како што рече, не ни помислила дека се работи за измамник.

Loading...

– Зборуваше за агенции за вселенски истражувања, ги спомна НАСА, Јапонската вселенска агенција, користеше професионални термини и јас му верував – признала жената во полиција.

Во последните години во Јапонија се зголемува бројот на жртви на интернет измами во кои лажни љубовници нудат љубов и брак и изнудуваат пари.

Мрежата за состаноци Match во Јапонија има околу еден милион членови, а најголем број членови се Јапонци над 50 години кои живеат сами.