Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска на еден меѓународен собир рече дека забраната за религиски симобли во некои земји од Европската унија создава нетолеранција и ксенофобија во општеството.
– Бројни земји на ЕУ ја забранија употребата на верски симболи и предмети и на родителите им ја одземаат можноста децата да ги воспитуваат според христијанските морални принципи. Тоа создава плодно тло за ксенофобија и нетолеранција и отвара врата за самоуништување на општеството, рекол шефот на руската дипломатија.
Лавров наведе дека ЕУ одбила да ја вклучи тезата за христијанските корени на европската цивилизација во своите основачки документи.
– Мислам дека тие кои се срамат од своите етнички корени не можат да имаат вистинско почитување за верниците на другите вери. Важно е да се спротивставиме на псевдо-либералните пристапи кои потикнуваат деструктивно однесување, рекол Лавров.