Лавров: Забележително поголем реализам во ставовите на Киев

Сподели со своите пријатели

По преговорите во Истанбул, Русија гледа поголем реализам во позицијата на Украина за статусот на Крим и Донбас, како и за ненуклеарниот статус, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

„По тој круг преговори одржан во Истанбул на 29 март, видовме појава на реализам во односот на украинската делегација. Реализам во однос на начините за обезбедување на безбедноста на Украина. На претставниците на Киев веќе им стана јасно дека во НАТО не може да се добијат безбедносни гаранции и дека влезот во НАТО треба да се заборави“, истакна рускиот министер, пренесува Спутник.

 

САД бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН

 

Продолжувајќи со својот говор за преговорите, Лавров посочи дека има повеќе реализам во однос на потребата да се обезбеди неутрален статус на Украина, како и нејзиниот ненуклеарен статус, пренесува Танјуг.

Како што наведе тој, „ставовите на украинската делегација покажуваат многу поголем реализам во врска со статусот на Крим и Доњецката и Луганската народна република“.

Тој спомна дека „допрва треба да разбереме како овие нијанси на реализам ќе бидат преведени на договорниот јазик, на хартија“, наведува Спутник.

Loading...