Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини Велика Британија и западните партнери дека се играат детски игри, поради нивниот одговор за труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка.
Тој ги обвини земјите дека не го почитуваат општоприфатеното однесување и дека прибегнуваат кон отрворени лаги и дезинформации.
– Во класичната Студена војна, постоеја правила и приватено однесување. Мислам дека нашите западни партнери, првенствено мислам на Велика Британија и САД и неколку други земји кои слепо ги следат, го игнорираат општоприфатеното однесување, рекол лавров одговарајќи на прашањето на новинарот на ВВС за тоа колку се опасни растечките напнатости помеѓу Русија и Западот во однос на Студената војна.
Лавров додава дека Русија не сака да игра детски игри, но не нагласува дека досега нејзините партнери всушност тоа го прават.
– Кога бевме деца зборувавме дека кој и да започне, би требало да биде и тој кој што ќе ја заврши играта, рекол Лавров.
Како претходно пренесе агенцијата ТАСС, Лавров рекол дека за труењето на Скрипаљ во Велика Британија можеби постојат повеќе причини, истакнувајќи дека тој случај би можел да биде од корист на британските специјални служби или владата.
– Постојат и други објаснувања не само оние за кои зборуваат нашите западни колеги дека само руската трага може да се смета за конечен заклучок, рекол Лавров.
Како што рекол шефот на руската дипломатија, експертите велат дека труењето на Скрипљ може да биде прилично корисно за британските специјални служби, „кои се познати по способноста да длеуваат со дозвола да убијат“.