Лавров: Украина на многумина им здосади во Европа

Сподели со своите пријатели

Европејците се обидуваат да се убедат себеси дека Украина, наводно, ќе победи на бојното поле, а на многу луѓе во Европа им е доста од Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за ТВ Русија на 24.

Loading...

– Тие се убедуваат себеси дека Украина ќе победи на бојното поле и затоа мора да направат се за тоа да се случи. Ајде, те молам. Ако таквата автохипноза им помага во животот, Господ нека им суди. Ние ќе си ја завршиме работата. Ги знаеме нашите цели, знаеме дека се бориме за праведна кауза – нагласи тој.

Лавров смета дека „многумина во Европа се уморни од Украина“.

– По инерција, со самохипноза, тие се уште се обидуваат да ја одржат оваа ситуација – рече Лавров.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не започнала никакви борбени операции, туку се обидува да ги прекине.