Лавров тврди дека Америка сака да го уништи православието

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во последните години на иницијатива на Американците „кои активно манипулираат со Цариградскиот патријарх, тие работат на уништување на православието“.

Loading...

„Знаете какви деструктивни активности беа преземени во Украина во однос на Украинската православна црква. Создадена е квази структура наречена „Православна црква на Украина“. Тие се обидуваат да ја растргнат сириската и српската православна црква“, рече Лавров, јави Танјуг.

Тој изјави дека „курсот е очигледен и тешко се прикрива“.

„Тоа е дел од сегашниот курс на Западот кој има за цел да поткопа се што е поврзано со Русија, Словените, православието“, рече рускиот министер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина со дронови нападна аеродром, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)