Лавров: Третата светска војна може да биде само „нуклеарна“

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Третата светска војна може да биде само „нуклеарна војна“, пренесува Би-би-си.

Loading...

Лавров на прес-конференција во Москва потсети дека американскиот претседател Џо Бајден рекол дека единствена алтернатива на санкциите е Третата светска војна, а Лавров рече дека тоа може да биде само „нуклеарна војна“, пишува Би-би-си.

 

Зеленски го крие семејството на тајна локација: „Не можам да ги видам“

 

Тој вели дека тоа е само во главите на западните политичари, но не и во главите на рускиот народ.

„Ако се води војна против нас, тогаш тие што прават такви планови треба да размислат за тоа и според мене такви планови се прават“, рече Лавров.

Тој го повтори тврдењето дека украинската влада е неонацистички режим и вели дека бандите ограбуваат градови, вклучително и Мариупол.

Loading...

Лавров, исто така, вели дека Украинците „сега се обидуваат да ги користат цивилите како жив штит“.

Тој постојано се осврнува на Холивуд и вели дека луѓето не треба „само да го гледаат овој холивудски филм“ напишан од западните медиуми „каде што има екстремно зло“.

 

Мариупол: „Не можеме да ги извадиме ранетите од улиците бидејќи гранатирањето не престанува“

 

Рускиот министер за надворешни работи, исто така, вели дека НАТО се обидува да ја зајакне безбедноста на Западот на сметка на Русија.

Тој ги спореди САД со Наполеон и Хитлер, кои, како што вели, имале цел да ја потчинат Европа, а сега тоа го прават Американците.

Лавров смета дека укинувањето на гасоводот Северен поток 2 „го покажува местото на ЕУ“, сугерирајќи дека зад одлуката стојат САД.

Loading...