Лавров: Трамп јасно ја покажа својата желба за трајно решение во Украина

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги сумираше впечатоците од средбата меѓу Трамп и Путин.

Loading...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го изјави следново:

– Средбата меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска покажа дека тимот на американскиот претседател искрено сака да постигне долгорочен резултат.

Министерот ја нагласи искрената желба на американскиот лидер да постигне долгорочен резултат по прашањето за Украина.

– Недвосмислено се виде дека претседателот на Соединетите Американски Држави и неговиот тим, пред сè, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, стабилен и сигурен, за разлика од Европејците кои во тој момент повторуваа на секој чекор дека само прекинот на огнот е услов, а дека по тоа ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје – објасни рускиот министер во интервју за телевизијата НТВ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Стејт департмент откажа 6.000 студентски визи

Тој нагласи дека атмосферата за време на средбата со американската страна била „многу добра“, што се одразува и во изјавите на лидерите на двете земји.