Лавров: Се подготвуваат воени планови против Русија

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата во Украина.

Loading...

Москва не може да дозволи заканата од директен напад врз Русија да дојде од територијата на Украина, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Не можеме повеќе да дозволиме заканата од директен напад врз Русија да доаѓа од територијата на Украина“, нагласи тој.

Ќе се водат преговори меѓу Русија и Украина, рече тој и изрази уверување дека ќе се најде решение за кризата во Украина, а условите што ги поставува Русија се минимални, пренесува Спутник.

„Секако дека ќе се најде решение, не се сомневам во тоа. Условите кои се минимални за нас се добро познати, тие се разгледуваат во преговорите со украинската страна, како што беше во Гомел и како што треба да се случи денес“.

Русија е подготвена за дијалог со западните земји само доколку се земат предвид заедничките интереси, рече Лавров. Тој изјави и дека Русија не ја гради својата политика на принципот „ескалација за деескалација“.

Зборувајќи за изјавите на француските политичари за Русија, Лавров рече дека тие се однесуваат како петли.

„Па, францускиот петел е, така да се каже, национален симбол. Така тие многу често крекаат“, изјави Лавров во интервју за руски и странски медиуми.

Loading...

Шефот на руската дипломатија рече дека е убеден оти се подготвуваат воени планови против Русија.

Тој зборува за можност за нуклеарна војна, но за тоа не зборува Русија, туку НАТО и Украина, нагласи тој. Тој исто така рече дека Русија нема да дозволи никакви провокации да ја исфрлат од рамнотежа.