Лавров: Русија секогаш е подготвена за дијалог, Западот не го почитува меѓународното право

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија секогаш ќе биде подготвена за дијалог и покрај фактот што руските сили извршија голем воен напад врз Украина.

Loading...

„За жал, нашите западни пријатели не го почитуваат меѓународното право, обидувајќи се да го уништат и да го промовираат она што тие го нарекуваат поредок заснован на правила“, рече Лавров, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Тој додаде дека Русија имала детални разговори со американските колеги, како и со другите членки на НАТО.

Тој изјави дека се надева оти се уште има шанса да се вратиме на меѓународното право и обврски.

Лавров рече дека Русија „секогаш ќе биде подготвена за дијалог што ќе не врати пред правдата и принципите на Повелбата на ОН“, пренесува Би-Би-Си.