Лавров: Русија остро ќе одговори на непријателските чекори на САД

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва има намера остро да одговори на можните непријателски активности на Вашингтон.

За време на неговата посета на Индонезија, Лавров, во интервју за весникот „Ракајат Мердека“, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин јасно рече дека резултатот во сите области е можен само со наоѓање на взаемно прифатлива рамнотежа на интереси врз основа на паритет.

Рускиот министер за надворешни работи посочи дека, скоро веднаш по самитот на Русија и САД во Женева, американските власти, вклучително и учесниците на состанокот, продолжиле да „делат лекции“ со удвоена сила.

Тој изјави дека сите овие „предупредувања се придружени со закани“ дека Русија ќе биде изложена на нов притисок, доколку не ги прифати „правилата на игра“ поставени за неа во Женева за неколку месеци.

„Обидите да се спроведе дијалог со нас од позиција на сила на почетокот беа осудени на неуспех – ние ќе одговориме остро и одлучно на непријателските активности“, нагласи Лавров.

Leave a Reply