Лавров: Русија настојува цивилите да ги напуштат зоните на операции во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија се обидува да ги натера сите цивили да ги напуштат зоните на специјалните операции во Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

На прес-конференција во Оман, по разговорот со министерот за надворешни работи на таа земја, Саид Бадр бин Хамад бин Хамуд Ал Бусаиди, Лавров рече дека Русија продолжува со отворање на хуманитарни коридори.

 

Што ќе значи ако Финска влезе во НАТО: Зошто го сакаат тоа и дали тоа ќе има последици?

 

Тој оцени и дека руските дејствија никако не се одразиле на глобалниот проблем со храната, ниту, како што наведе, би можеле да влијаат на него, пренесува ТАС С.

„Нашето дејствување никако не влијаеше и не може да влијае на проблемите, кои сега се споменуваат и кои се исклучиво предизвикани од забраните, незаконските дејствија што ги воведуваат западните земји“, рече Лавров.