Лавров: Русија и Кина имаат стабилни односи кои придонесуваат за развојот на двете земји

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и Кина имаат стабилни односи кои придонесуваат за развојот на двете земји.

Loading...

„Билатералните односи достигнаа ниво без преседан. Во сегашната геополитичка реалност, руско-кинеското сеопфатно партнерство и стратешката интеракција покажуваат апсолутна стабилност и зрелост, продолжувајќи да придонесува за сеопфатен развој на нашите земји“, рече Лавров на церемонијата на отворањето на изложба посветена на 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Русија со Народна Република Кина.

Лавров посочи дека Руската Федерација со нетрпение ја очекува посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг за време на самитот на БРИКС во Казан од 22 до 24 октомври, пренесе РИА Новости.

Кинескиот амбасадор во Русија Џанг Ханхуи изјави дека односите меѓу двете земји во текот на 75 години поминале низ „трнлив“ пат и дека сега соработката динамично се развива, а односите стануваат посилни и постабилни и се на невидено ниво.

На 2 октомври Русија и Кина прославија 75 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Советскиот Сојуз беше првата земја што ја призна Народна Република Кина веќе следниот ден по нејзиното прогласување на 1 октомври 1949 година, пренесува Танјуг.