Лавров: Русија е подготвена за отворено партнерство со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија Сергеј лавров ги повика Брисел и Вашингтон да работат заедно на унапредувањето на системо на меѓународни односи.

– Русија е подготвена за отворено партнерство со ЕУ, заснвано врз взаемно почитување и рамнотежа на интереси за да се пронајде ефикасно решение за предизвиците на модерниот свет, рекол Лавров.

Лавров на Конференцијата за безбедност во Минхен рече дека ЕУ во последните децении не успеала да најде златна средина во односите со Русија, третирајќи ја Русија во деведесетите како „шегрт“ кој треба да се направи во склад со западните стандарди и вредности.

– Сега се појавија и други ирационални митови за т.н. „руска закана“ каде земјите од Западот ја обвинуваат Москва за вмешаност во секој контроверзен настан, вклучувајќи го и „Брегзит“ и каталонскиот референдум за независност, рекол лавров.

Тој истакнал дека двата стереотипи се лоши и погрешни и покажуваат недостаток на разбирање помеѓу Русија во ЕУ.

– Забележавме дека расте бројот на луѓе на кои им е непријатно во врска со ненормалната ситуација во нашите односи со ЕУ, рекол Лавров додавајќи дека ЕУ доживува “дипломатска парализа“ и дека е поделена во својот однос кон Русија.

Москва смета дека Русија, САД и ЕУ, како и Кина, треба да соработуваат по прашањето на новата безбедноста архитектура на Блискиот исток.

Leave a Reply