Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доцна синоќа пристигна од Никарагва на Куба, последниот дел од неговата дипломатска турнеја низ Латинска Америка, при што ги посети и Бразил и Венецуела.
Лавров денеска во Хавана ќе се сретне со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел и со министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парила, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи.
„Западњаците, под покровителство на земји како Соединетите Американски Држави… се обидуваат да ја прошират својата хегемонија преку конфликти како во Украина“, рече Лавров пред да замине од Никарагва.
Шефот на руската дипломатија во Манагва се сретна со претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, министерот за надворешни работи Денис Монкада и други претставници.
Лавров во вторникот во Каракас, Венецуела, рече дека е неопходно да се „здружат силите“ за да се спротивставиме на „уцената“ на Западот.