Лавров пристигна во Анкориџ: Путин и Трамп ќе го отворат самитот со разговор еден на еден

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот амбасадор во Вашингтон Александар Дарчиев пристигнаа во Анкориџ, Алјаска, каде што ќе учествуваат на самитот меѓу САД и Русија, објави московската агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со ситуацијата.

Loading...

Разговорите лице в лице меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржат во заедничката база на воздухопловните сили и армијата на САД Елмендорф-Ричардсон.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави во четврток дека самитот ќе започне во 22:30 часот по московско време.

Ќе биде отворен со разговор еден на еден, во кој ќе учествуваат само преведувачи заедно со Путин и Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Самитот во Алјаска мора да доведе до прекин на огнот

Според него, централна тема ќе биде решавањето на украинската криза, но Путин и Трамп ќе се осврнат и на „пошироките задачи за обезбедување мир и безбедност, како и на актуелните и најитните меѓународни и регионални прашања“.

Во официјалната руска делегација на самитот учествуваат Лавров, Ушаков, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов и Кирил Дмитриев, специјален претседателски претставник за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, соопшти ТАСС.