Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров пристигна во официјална посета на Турција каде денеска во Анкара ќе разговара со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.
Loading...
Според портпаролката на руското МНР Марија Захаров, двајцата министри ќе разговараат за ситуацијата во Украина и Сирија, Либија и Нагорно Карабах, како и за ситуацијата на Балканот, Авганистан и Централна Азија.
Лавров и Чавушоглу ќе разговараат и за перспективите на трговско-економската соработка со Западот во периодот на антируските санкции, пренесе ТАСС.