Киев е должен да престане да го одложува процесот на извоз на украинско жито, а повиците до Западот „да го вооружи до заби“ се контрапродуктивни, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
По средбата со ерменскиот колега Арарат Мирзојан во Ереван, тој нагласи дека руската војска е подготвена да обезбеди безбедни коридори за сите товарни бродови кои чекаат да испловат од пристаништата на Црното Море, но под услов Украинците да ги отстранат мините од крајбрежниот појас под нивна контрола.
„Мислам дека е многу позитивно тоа што нашите турски колеги се обидуваат да го убедат Киев да престане да го одложува овој процес. Се надевам дека Украинците ќе станат свесни дека нема алтернатива за решавање на ова прашање врз основа што е јасна, разумна и објективна, рече Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи додаде дека се надева оти Киев ќе престане да бара излез од ситуацијата барајќи од Западот да го „вооружа до заби“, вклучително и испорака на противбродски системи кои, според украинските власти, имаат намера да дејствуваат против руските Бродови на Црноморската флота.
Според Лавров, неопходно е да се откаже од таквата реторика и „да ги подгрее страстите во медиумскиот простор“ и наместо тоа да се занимава со конкретни дела.
„Фактот што Западот го поттикнува милитаристичкото расположение на Киев не води до ништо добро“, рече Лавров.