Лавров откри што Путин му потврдил на Трамп за време на разговорот

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин потврди за време на телефонскиот разговор со американскиот лидер Доналд Трамп дека Русија е за праведно решавање на украинскиот конфликт, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Loading...

Дипломатот, исто така, рече дека Русија нема да го остави православното население во Украина во неволја и ќе се бори за враќање на правата на канонската православна црква.

– Сакам да ги уверам сите присутни дека Русија нема да го остави православниот народ на Украина во неволја и ќе се погрижи нивните законски права да бидат почитувани и канонското православие да го врати своето централно место во духовниот живот на народот на Украина – рече тој на приемот по повод православниот Велигден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Путин ми рече дека повеќе ја сака Меланија отколку мене

Според него, гаранција за ова е токму ставот на Москва за праведно регулирање на украинската криза создадена од Западот, што Путин уште еднаш го потврди вчера.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера имаше телефонски разговор со американскиот лидер Доналд Трамп, кој траеше повеќе од два часа. Разговорот, како што оцени Путин, беше суштински, отворен и исклучително корисен.

Ова беше нивниот трет телефонски разговор откако Трамп повторно стана претседател на САД. Путин и Трамп разговараа за прв пат на 12 февруари, додека вториот разговор следеше на 18 март.

Како што претходно објави потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, Соединетите Американски Држави веруваат дека украинскиот мировен процес е во ќорсокак, поради што американскиот лидер Доналд Трамп сакал да има телефонски разговор со рускиот претседател.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Министрите на ЕУ денес за Украина, Блискиот Исток и одбранбените капацитети