Лавров: ОБСЕ деградираше и им служи на интересите на Западот

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) деградирала и им служи на интересите на Западот, што бара поефикасно спротивставување на таквите напори.

Loading...

По средбата со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, Лавров оцени дека ОБСЕ не успеа да стане организација која се грижи за интересите на мнозинството нејзини членки и дека ги прекршила принципите на своето дејствување наведени во завршниот акт на Хелсинки, објави РИА Новости.

„(ОБСЕ) всушност се претвори во инструмент на оние кои манипулираат со европските процеси однадвор и во последниве години едноставно ја потчинија Европа на нивните интереси и ја тргнаа Европа како конкурент во економската сфера“, рече шефот на руската дипломатија.