Лавров: Не сме во војна со Америка

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за американскиот водител Такер Карлсон изјави дека Москва би сакала нормални односи со Вашингтон и дека не гледа причина двете земји да не соработуваат.

Loading...

На прашањето дали Русија и САД се во „воена состојба“, Лавров одговори дека не мисли така.

– Не би го рекол тоа. Како и да е, тоа не е она што го сакаме. Се разбира, би сакале да имаме нормални односи со сите наши соседи и, воопшто, со сите земји, особено со една толку голема земја како што се САД – нагласи тој, пренесе Тас.

Лавров потсети дека рускиот претседател Владимир Путин во повеќе наврати ја изразил својата почит кон американскиот народ, историјата на САД, како и американските достигнувања во светот.

– Не гледаме причини зошто Русија и САД не би можеле да соработуваат во глобален интерес – додаде шефот на руската дипломатија.