Loading...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализација на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Тој истакна дека нормализацијата на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисна за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.