Лавров: Москва нема да дозволи Западот да нѐ скара со сојузниците

Сподели со своите пријатели

Како што истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Москва смета дека сегашното ниво на односи меѓу евроазиските држави и САД и ЕУ не претставува закана доколку се заснова на еднаквост и транспарентност.

Loading...

Според Лавров, соработката треба да биде во согласност со меѓународното право.

„Меѓутоа, ако западните земји се обидат да се справат со закани, уцени, ако ги принудат нашите сојузници да ги поткопаат односите со Русија на штета на нивните национални интереси, во тој случај нема да го криеме нашиот однос кон таквите обиди“, рече Лавров по средбата со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу, пренесува Танјуг.

Како што објасни тој, руските партнери од ОДКБ, Евроазиската економска заедница и ШСО „многу добро знаат за што се работи“.

Лавров додаде дека Москва, во согласност со новиот Концепт за надворешна политика, го поддржува учеството на сите земји и мултилатерални структури на евроазискиот континент во „пошироката рамка за интеграција“.

„Вратите треба да бидат отворени за сите такви организации и за сите такви земји. Процесот е во тек“, рече дипломатот.