Лавров: Мировниот договор мора да вклучи точка за уништување на оружјето што е опасност за Русија

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ѝ се обрати на јавноста во врска со ситуацијата во Украина

Loading...

Москва не може да дозволи заканата од директен напад врз Русија да дојде од територијата на  Украина, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Не можеме повеќе да дозволиме заканата од директен напад врз Русија да доаѓа од територијата на Украина“, нагласи тој.

Тој исто така нагласи дека руската специјална операција во Украина ќе биде завршена:

 

Претседателот на Думата: Ако Москва не ја иницираше акцијата, НАТО ќе нападнеше следниот ден

 

„Русија е подготвена да преговара со Украина, но ќе ја продолжи операцијата со цел да ја уништи инфраструктурата и оружјето што и се закануваат“.

Loading...

Разговори Русија – Украина: Уништувањето на оружјето е клучно

Ќе се водат преговори меѓу Русија и Украина, рече тој и изрази уверување дека ќе се најде решение за кризата во Украина, а условите што ги поставува Русија се минимални.

„Секако дека ќе се најде решение, не се сомневам во тоа. Условите кои се минимални за нас се добро познати, тие се разгледуваат во преговорите со украинската страна, како што беше во Гомел и како што треба да се случи денес“.

Мировниот договор меѓу Русија и Украина мора да ја вклучи точката на уништување на оружјето што претставува опасност за Русија, нагласи Лавров. Украина вети дека ќе ја дефинира својата позиција во новата рунда преговори, вели тој.

Лавров не ја исклучува можноста САД да ја поттикнат Украина да ги одложи преговорите.

 

Зеленски го крие семејството на тајна локација: „Не можам да ги видам“

 

Loading...

Тој, исто така, предупреди дека Русија нема да склучува никакви договори под диктат. Тој рече и дека нема да дава предвремени оценки за руската операција за демилитаризација на Украина.

Зборувајќи за дијалогот со западните земји, Лавров рече дека Русија е подготвена за тоа, но само доколку се земат предвид заедничките интереси. Тој изјави и дека Русија не ја гради својата политика на принципот „ескалација за деескалација“.

Истовремено, кога се во прашање изјавите на француските политичари за Русија, Лавров рече дека тие се однесуваат како петли.

„Па, францускиот петел е, така да се каже, национален симбол. Така тие многу често крекаат“, изјави Лавров во интервју за руски и странски медиуми.

 

Се повеќе руски олигарси го креваат гласот против војната

 

Тој изјави и дека Москва е подготвена да разговара за безбедносните гаранции во Украина, во цела Европа и, се разбира, во самата Русија, изјави Сергеј Лавров.

Loading...

„Сигурен сум дека целиот свет ја слуша Русија, но тешко е да се каже колку добро ќе ја слушнат“, рече Лавров.