Лавров: Легитимноста на изборите во Украина ќе зависи од тоа како ќе се одржат

Сподели со своите пријатели

За легитимноста на изборите во Украина, доколку се одлучи да се одржат во пролетта 2025 година, ќе се суди дури откако ќе бидат завршени, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

„Изборите може да се организираат на различни начини, видете како се организираат избори во Молдавија. Можеме да ја процениме легитимноста на овој или оној изборен процес само кога ќе видиме како се одвиваше и како беше организиран“, изјави Лавров за ТВ „Русија 1“, пренесува РИА Новости.

Претходно британскиот магазин Економист напиша дека изборите во Украина би можеле да се одржат веќе на 25 мај 2025 година.

Мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски истече на 20 мај, а претседателските избори во таа земја годинава беа откажани поради вонредната состојба и општа мобилизација.

Во јуни, рускиот претседател Владимир Путин посочи дека, според прелиминарните проценки, единствената легитимна власт во Украина е Парламентот и претседателот на Рада.

Според Путин, доколку Украина сака легитимно да избере претседател, тогаш би било неопходно да се укине вонредната состојба.