Лаги се тврдењата на Украина дека руската армија ги гранатира сопствените градови за да го обвини Киев, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.
– Со еден збор лажат. Фактите се познати, нашето Министерство за одбрана секојдневно ги изнесува фактите“, нагласи Лавров на прес-конференцијата по разговорот со неговиот виетнамски колега Буи Тан Сон.
Тој исто така рече дека западните земји мора да бидат свесни за својата одговорност, без разлика како и што објаснуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите соработници.
„Западот мора да биде свесен за својата одговорност за смртта на цивилите, пред се во Донбас и другите делови на Украина, каде режимот во Киев користи оружје против цивилите“, рече Лавров.
Посетата на рускиот министер на Виетнам беше реализирана по повод одбележувањето на 10-годишнината од „сеопфатното стратешко партнерство“ на двете земји, а потоа Лавров треба да отпатува во Индонезија за да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 (група од 20), кој се состои од 19 најразвиени земји во светот, заедно со Европската унија.