Руското Министерство за надворешни работи најави средба меѓу министерот Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба.
Лавов и Кулеба треба да се сретнат на маргините на форумот во Анталија, а на разговорите ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Турција.
Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји
Информацијата ја потврди портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова.
– Во согласност со договорот постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и Турција, на иницијатива на турскиот лидер, на маргините на дипломатскиот форум во Анталија, планирна контакт меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеб, како и со учество на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу – рече Захарова.