Лавров и Чавушоглу одржаа средба: Анкара не поддржува еднострани санкции

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска се сретна со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на состанокот на Групата 20 (Г20) најразвиени земји во Њу Делхи.

Loading...

Анкара не поддржува санкции, кои се наметнуваат на различни земји еднострано, без поддршка од ОН, изјави Чавушоглу пред средбата со Лавров.

Претходно рускиот министер имаше средба со својот индиски колега Субрамањам Џаишанкар во формат на работен појадок во Њу Делхи, пренесува РИА Новости.

Според најавите, рускиот министер во текот на денот треба да се сретне со колегите од Кина, Бразил и Јужна Африка.

Лавров пристигна во индиската престолнина во вторникот вечерта за да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 1-2. Март.