Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа посетата на Женева поради седница на Советот за човекови права на ОН поради забраната на Европската унија за руски авиони, соопшти во понеделник руската мисија во Женева.
ЕУ во неделата ја потврди својата одлука да го затвори својот воздушен простор за Русија.
Забраната е дел од мерките како одговор на руската инвазија на Украина.
– Нашиот воздушен простор ќе биде затворен за секој руски авион. А тоа ги вклучува приватните авиони на олигарсите – изјави вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пишува Си-Ен-Ен.