Лавров дојде на Алјаска во маица со натпис „СССР“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави „јасна и разбирлива позиција“ на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот со рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Во четврток, кога пристигна во хотелот во Анкориџ, кратко разговараше со новинарите, облечен во џемпер со натпис „CCCP“, пишува CNN.

Лавров истакна дека многу е постигнато за време на неодамнешната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва и дека Кремљ се надева дека ќе го продолжи „корисниот разговор“ на самитот во петок.

„Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција. Ќе го презентираме тоа“, рече Лавров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му се јавил на норвешкиот министер за да го праша за Нобелова награда за мир

„Многу е веќе постигнато за време на посетата на специјалниот претставник на американскиот претседател Виткоф… Се надевам дека утре ќе го продолжиме овој корисен разговор“.