Лавров: Целта на Западот на Балканот беше да нема преголеми држави

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска укажа на спротивставените позиции на западните земји и направи паралела меѓу признавањето на еднострано прогласената независност на Косово од страна на западните земји и нивниот спротивен однос кон референдумот на Крим.

Loading...

„Сфативме дека воопшто не зборуваме за Украина, туку за агресија против сè што е руско – интереси, религија, култура, јазик, безбедност и така натаму и така натаму“, рече Лавров по разговорот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулебa, пренесе Агенцијата Интерфакс.

 

Се водат жестоки битки околу Киев

 

Според него, целта на Велика Британија на Балканот, особено во однос на конфликтот во Косово, била да нема преголеми и големи земји во Европа.

„И, веројатно, истата цел се следеше и во однос на Руската Федерација“, додаде Лавров.

Тој ја нарече „френетична“ реакцијата на Западот на руската операција во Украина.

Loading...

 

Британија: Загрижени сме дека Путин ќе употреби хемиско оружје

 

„Ова покажува дека навистина постои битка до смрт за правото на Русија да биде на политичката карта на светот со целосно почитување на нејзините легитимни интереси“, рече Лавров на прес-конференција во Анталија по разговорите со неговиот украински колега.